Имаме повикување на членовите од Уставот и од Деловникот, кои што се однесуваат на меѓународен договор.
Во самиот договор стои дека преводот на двата текста е со исто значење.Но, во македонскиот текст стои дека е договор ‘Предлог-закон за ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација’, а во англиската верзија стои ‘arrangement’, односно ‘спогодба’, и не може да се толкува како меѓународен договор. Tocka
СДСМ ги изнесе дилемите за што, всушност, станува збор.
„Не може да се зборува за ратификација на меѓународен договор кога во македонската верзија стои дека станува збор за договор меѓу двете влади, додека во англиската е користен терминот ‘arrangement’, односно спогодба“, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница. Nezavisen