Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РСМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Nezavisen
На прашањето дали ќе биде објавен флексибилен девизен курс по стабилизацијата на курсот на денарот, тој рече дека тоа нема да се случи под никакви околности.
Собранието синоќа го именуваше Трајко Славески за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Puls24
„Ќе се залагам за натамошно зајакнување на стабилноста на макроекономското и финансиското опкружување, со политики коишто се темелат на професионалност, аналитичка аргументираност и транспарентност.
Ќе работам посветено на јакнење на довербата на јавноста и на меѓународните партнери во Народната банка, градејќи визија којашто им одговара на предизвиците на современото време и на потребите на нашата економија“, рече Славески. Tocka
Време зa читање: 2 минути На д-р Анита Ангеловска-Бежоска и заврши, на д-р Трајко Славески му започна седумгодишниот мандат како гувернер на Народната банка, каде што се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата.
Во своето обраќање, д-р Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни светски предизвици. Pari
Таа изрази благодарност до вработените во Народната банка за нивната исклучителна посветеност, професионалност и за нивниот придонес во унапредувањето на институцијата, за што потврда се високите оценки од меѓународните финансиски институции.
Исто така, таа му го честита мандатот на новиот гувернер и му посака успеси во остварувањето на законски дефинираните цели на Народната банка, како професионална, независна и кредибилна институција. Republika
Како член на Влада на Република Македонија има иницирано и водено бројни реформи во економскиот и финансискиот систем на земјата, како, на пример, воведување на рамниот данок (2007 г.), осовременување на системот за вршење на плаќања, интегрирана наплата на придонесите за социјално осигурување (системот бруто плата, 2009 г.) и др. На локалните избори одржани во 2021 година беше носител на листа за советници на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
На конститутивната седница на Совет на град Скопје, одржана на 17.11.2021 год, беше избран за претседател на Советот, функција што и денес ја извршува. Lokalno
Со официјална церемонија во просториите на Народната банка, вчера беше извршено примопредавањето на функцијата гувернер. Lider
АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА МУ ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА СЛАВЕСКИ Новиот гувернер вети стабилност и транспарентност Новиот гувернер Славески порача дека функцијата што ја презема носи голема одговорност, но и посветеност кон транспарентност и стабилност на финансискиот систем.
Фото: Народна банка Со официјална церемонија во просториите на Народната банка, денеска беше одбележан почетокот на мандатот на новиот гувернер д-р Трајко Славески и завршување на мандатот на досегашната гувернерка д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Plusinfo
Трајко Славески од денеска е гувернер на Народната банка. Meta