▷ Фото: МНРиНТ Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио на која биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можност за започнување на процес за потпишување на Договор за слободна трговија. Novamakedonija
Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја нагласил потребата „сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната“. Puls24
Тие ги разгледуваа можностите за проширување на економската соработка, вклучително и трговијата и инвестициите.
Секретарот ја нагласи потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната – се посочува во соопштението по средбата Рубио – Муцунски. Novamakedonija
Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата. Fokus