Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање за коментар по изјавата на судските власти, дека гаранцијата од околу 2 милиони евра е доволна да му се издаде пасош на Асмир Јахоски, за напуштање на државата.
Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА.
Газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски е вратен во Македонија и утрово се пријавил во Кривичниот суд откако претходно викендов беше на патување во Турција со времен пасош.