Alsat
Меџити вели дека ова ќе биде само првата фаза за вработените да ги добијат заостанатите плати, додека статусот на Инспекторатот потоа ќе се унапреди.„Сметаме дека е поразумно и постои политички договор единствениот инспекторат, Инспекторатот за јазици, да се префрли во Агенцијата за јазици, но за да го направиме ова, мора да ја подигнеме Агенцијата за јазици на повисоко ниво, како што е Агенцијата за храна.
Исто така, политички, разговаравме и се согласивме дека за прв пат овој инспекторат треба да има право на директни казни бидејќи кога го основаа Инспекторатот, го оставија на половина, може да утврди опомени-прекршоци и на крајот, за ова оди на судовите и судовите одлучуваат за институцијата што ја прекршила постапката“, изјави Изет Меџити, прв вицепремиер.Сепак, Европскиот фронт, од кој моментално зависи Бадентеровото мнозинство, неколку пати изјави дека нема да гласа за промените бидејќи, според нив, тие не се прават поради плати, туку со цел укинување на Инспекторатот. Alsat