Vecer
Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината коишто секогаш е најслаб би рекол и најпредизвикувачки.Сепак, доколку сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на европската економска скала, мораме:Да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4%, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри тоа многу зависи и од екстерните фактори, имајќи дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4% тогаш можеме да кажеме дека ние сме 2 ипол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2%.Еве неколку податоци коишто можеби ќе бидат интересни.
Да речеме Белгија е 1,1%, Германија е 0%, Естонија е 0,1%, Франција 0,6%, Италија е 0,7%, Латвија е 0,3%, Унгарија е 0,4%, Австрија е 0,7%, Романија е 0,5%, Словенија е 0,8%, Словачка е 1%, Финска е 0,8%, соседна Србија во првиот квартал е 2% итн. Vecer