Пратениците во прво читање ги изгласаа и предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог на закон за изменување на Законот за приватните агенции за вработување и го дадоа на понатамошно читање.
Додека за Предлогот на закон за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии, Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието за безбедносна зона, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавно здравје – Прво читање, Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година, заменикот претседател на Собранието Антонио Милошоски рече дека ќе бидат разгледани кога ќе се овозможат деловнички можности за тоа. Frontline
Пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување поднесување на ова законско решение по скратена постапка.
За прогласување на законот за просторот околу Собранието на РСМ за безбедносна зона, со што се уредува статусот, вкупната површина, границите на земјиштето, употребата, обезбедувањето, надзорот и уредувањето на имотоно правните прашња поврзани со просторот околу Собранието, прогласен за безбедносна зона имајќи во предвид дека во минатото поради атрактивноста на самиот простор имаше обиди за негово приватно уредување, односно влегување на приватен стопански субјект. Denesen
Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на денешната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона. Brif
На седницата воедно беа изгласани и одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
Пратениците во прво читање ги изгласаа и предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог на закон за изменување на Законот за приватните агенции за вработување и го дадоа на понатамошно читање. Pressingtv