Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна денеска во Будимпешта со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со што покажа дека продолжува да го поддржува и покрај фактот што Европската унија го смета за одговорен за загрозување на уставниот поредок на Босна и Херцеговина, јавуваат регионалните медиуми. Civilmedia
„Република Српска е среќна затоа што има пријател како Виктор Орбан“, напиша Додик на социјалната мрежа X со фотографија од него заедно со унгарскиот премиер во градината до неговата канцеларија.
Во февруари, Судот на Босна и Херцеговина го осуди Додик на една година затвор и му изрече забрана за политичка активност во траење од шест години поради кршење на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. Frontline