Аферата „Провизии кои чинат животи“ го покажа криминалот и корумпираноста на Венко Филипче, кои државата ја чинеа 14 живи изгорени луѓе во Модуларната болница во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека претседателот на СДС, Венко Филипче додека бил министер за здравство се грижел само за профит, кој го добивал од провизиите од матните наместени тендери.-Еден од тие тендери е тој за изградба на 16 модуларни болници за време на корона периодот, кои, впрочем, биле набавени како стоки од леснозапалив материјал.