Тој посебно ја поздрави вклученоста на академската заедница, граѓанските организации и меѓународните партнери, без кои, нагласи, ниту една стратегија не може да биде ниту одржлива, ниту ефикасна.– Како министер за внатрешни работи, останувам посветен на визијата за модерна, одговорна и партнерски ориентирана полиција, која знае дека вистинската безбедност не се гради само со сила, туку со разбирање и системски пристап, рече министерот Тошковски и изрази надеж дека од оваа сесија ќе произлезат конкретни, применливи и стратешки насочени препораки кои ќе помогнат во нашата заедничка мисија – безбедно, здраво и инклузивно општество, достојно за европската иднина што ја градиме.Инаку, домаќин на денешната сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) во организација на Европското движење, е Националната конвенција за Европската Унија во Македонија.