НЕ ПОМИНА ПРЕДЛОГОТ НА ЛДП ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Измените на Изборниот законик добија поддршка од 19 пратеници Има страв од отворените листи кај оние кои со години ја градат својата моќ на неотчетност и на контролирани листи, рече предлагачот на законските измени, пратеничката Моника Зајкова. фото: Плусинфо Пропадна обидот на либералката Моника Зајкова да се смени изборниот модел така што Македонија да биде една изборна единица, а да се гласа отворени листа.