Skopje1
Како што кажа Филипче, фактот што Владата дозволува воопшто да има дебата за македонскиот јазик, и дополнително што тие амандмани кои што денеска на Комитетот не се поминати, но според најавите ќе бидат поднесени на пленарната седница на почетокот на јули, доаѓаат од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, е еден сериозен пораз за нашата дипломатија и за Владата.
„Ние и во текот на изминатиот период, претходните денови, нормално и на пленарната седница сме целосно координирани со европарламентарците од групата на социјалисти и демократи, коишто се свесни што Владата сака да направи, каков ПР да прикаже – едноставно, таа борба којашто е залудна и целосно непотребна за нешто што ние сме го обезбедиле целосно претходно, а Собранието тоа го потврдило, сега сакаат да ја прикажат како некоја нивна победа“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Skopje1