Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Чаир, од септември времено ќе посетуваат настава во простории на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Центар затоа што, како што рече министерката за образование Весна Јаневска, објектот на „Иднина“ е во катастрофална состојба и претставува ризик по здравјето и животот на децата и вработените.
Објектот на основно училиште со ресурсен центар (ОУРЦ) „Иднина“ во Чаир е руиниран и ризичен за безбедноста на учениците и вработените.