Од: А1он По барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај с. Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи, извести ЦУК, „Ер тракторот“ на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.
Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции.