Вршителот на должноста јавен обвинител изврши увид на местото на настанот во Батинци каде што беше убиен припадник на Северно-Македонската армија.
Ново пукање ги вознемири утрово жителите на Батинци, дознава „Скопје1“.
Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник е загинато за време на трагичен настан.
Во Градската општа болница денеска околу 10:00 часот бил донесен 50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, информираат од МВР во врска со пукањето што се случи утрово во селото Батинци, скопско.Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење.