Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, учествуваше на работна вечера посветена на Украина – значаен политички формат на кој, како регион, уште еднаш беше потврдена силната и непоколеблива поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во склад со принципите на меѓународното право, соопшти Министерството.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска информираше дека утрово, во рамки на Дубровник Форум 2025, остварил средба со американските конгресмени Мајк Тарнер и Кристи Хулахан.