Во своето обраќање, министерот Муцунски јасно ја истакна континуираната поддршка и солидарност што Македонија ја дава за Украина, како и подготвеноста да продолжи со оваа поддршка и во иднина, во партнерство со сојузниците.
Посебно го поздрави усвојувањето на заедничката декларација со која беа потврдени заложбите за итно запирање на воените дејствија, пронаоѓање решение преку дипломатски преговори, ревитализација на енергетскиот сектор на Украина, како и обезбедување одговорност за извршените злосторства преку неодамна формираниот Специјален трибунал за злосторство на агресија против Украина. Alfa
Секоја година, темите на форумот се поставуваат во контекст на актуелните глобални случувања, придонесувајќи кон формирање на посигурен, поправеден и поконструктивен меѓународен поредок.
На маргите на форумот, министерот Муцунски оствари одвоени билатерални средби со своите колеги – шефовите на дипломатија на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ; на Косово, Доника Гервала-Шварц; на Грузија, Мака Бочоришвили; и на Молдавија, Михај Попшои. Press24