Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами, од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Обединетото Кралство. Kanal5
Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти.
Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук. Denesen
Ги запознав со тековните активности на Владата и Министерството за унапредување на врските со дијаспората, особено во делот на културната соработка, поддршката на младите и создавање нови можности за поврзување со матичната земја.
Благодарен сум за нивниот ангажман и ја нагласив потребата од натамошно зајакнување на комуникацијата и соработката, наведува Муцунски во објавата на ФБ. Тој и министерот за одбрана Владо Мисајловски, вчера во Лондон имаа средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас. Sitel
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид лами денеска во Форин офисот во Лондон потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Press24