За време на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со членовите на Парламентарната група во британскиот Парламент за соработка со Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи, зајакнување на парламентарната соработка, како и за значењето на двата парламенти во унапредувањето на политичките односи помеѓу двете земји. Skopjeinfo
“Во таа прилика тој ги покани британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија и изрази подготвеност, на ниво на Влада и Министерство, да им биде обезбедена сета неопходна поддршка за реализација на нивните инвестиции планови и цели,” се вели во изјавата.
Во текот на работната посета во Лондон, министерот Муцунски го посети и училиштето за источноевропски јазици во рамките на University College London, каде што се учи и се негува македонскиот јазик. Biznisvesti
Притоа била реализирана донација од учебници и литература, кои ќе помогнат во совладувањето на нашиот мајчин јазик.
Токму промоцијата на македонскиот јазик и создавањето услови за негово изучување се едни од најважните приоритети на Министерството, на кои активно се работи во изминатиот период, се наведува во соопштението. Press24