Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација против Република Македонија, против Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лично против премиерот Христијан Мицкоски.
Ваквите наводи денеска на прес-конференција ги изнесе пратеникот во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, тврдејќи дека оваа операција се спроведува со употреба на класични хибридни методи, односно ширење лажни информации, конструирани афери, фабрикувани документи, лични и семејни дискредитации и злоупотреба на човечки трагедии и економски инсинуации. 360stepeni