СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното е се подлабоко и подлабоко, истакна на денешната прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски од која објавуваме интегрален текст: Филипче е како жив песок, само ја влече надолу партијата.
Ова се виде во овој последен период во кој никој жив не му прифаќаше да биде кандидат за ниту една општина, посебно за Скопје каде никој не сакаше да излезе на трката избори за градоначалник на Скопје, па по низа истакнати имиња кои очигледно сам си ги вадеше од глава мораше да излезе со Каја Шукова или таа да биде жртвата.