Пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, денеска на прес-конференција обелодени дека имало неуспешна координирана операција за дискредитација спроведена од бугарските служби и нивните соработници во Македонија.
„Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација против Република Македонија, против Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лично против премиерот Мицкоски“, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.