Резолуцијата којашто ја нуди како иницијатива ВМРО-ДПМНЕ деновиве сметаме дека е штетна и дека дополнително ги подрива нашите позициите како држава, затоа што отвора прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет коешто е веќе комплетно затворено во време на владата на СДСМ во изминатиот мандат, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија. Press24
ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на претходно. Kanal5