ВРЕДИ ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот кандидат Менди Ќира, додека за другите општини при крај се анализите и разговорите, и се очекува наредната недела да бидат објавени имињата на кандидатите, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Faktor
Во врска со коалицирањето во некои општини со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Меџити вели тоа нема да биде ништо ново, бидејќи, како што рече, од деведесеттите до сега секогаш владините партнери се помагале.
Ништо ново, како од деведесеттите до сега во плурализмот секогаш владините партнери се помагале и ќе се помагаат, како што и опозициските партнери ДУИ, Левица, СДСМ очекувам дека ќе се помагаат, рече Меџити по потпишувањето на договорите за проекти финансирани преку инвестициските порограми на Министерството за животна средина и просторно планирање за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините. A1on