Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир, што ќе се одржи во Истанбул, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.
Муцунски, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе има обраќање на состанокот, во кое се очекува да ги адресира клучните прашања за регионалната соработка, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, заштитата на животната средина и културната соработка. Kanal5
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир, што ќе се одржи во Истанбул, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.
На настанот, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е најавено присуство и на министрите за надворешни работи од земјите од регионот на Западен Балкан. Press24