Инќенери на Република Македонија преку соопштение до медиумите посочува дека и Министерството за енергетика на 31 јули 2025 година ја промовираше новата Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, најавувајќи финансиска поддршка во износ од 47,3 милиони денари (5 милиони на 27.6.2025 година и 42,3 милиони денари на 31.7.2025 година). Иако во јавноста ова се претставува како „помош за најзагрозените граѓани“, бројките прикажуваат сосема спротивната слика, односно оваа програма опфаќа исклучително мал број домаќинства кои се во реална енергетска сиромаштија, оценуваат од Инженери на РМ. Од вкупно 598.632 домаќинства попишани во 2021 година, според Министерство за енергетика, само 3.932 домаќинства ќе бидат опфатени како ранливи категории со право на субвенционирана сметка за струја, што е помалку од 0,7% од сите домаќинства.