Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител. A1on
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе изврши избор на Народен правобранител.
Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски за МИА вели дека ќе се бара мислење од ДКСК за пречекорување на овој датум. Novamakedonija
Според информациите од собраниските служби, меѓу нив се актуелниот заменик правобранител Илбер Руфати, шефот на кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, Доан Сулејмановски, Мухамед Ходаи, Фатон Селами и други.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре е и Утврдување Предлог – одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ и Разгледување барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Nezavisen
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре е и Утврдување Предлог – одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ и Разгледување барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Седница денеска ќе одржи и Комисијата за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање. Novamakedonija