Опозицискиот СДСМ вели дека нема зошто да го толкува приклучувањето на архитектот Мишко Ралев, поранешен функционер на СДСМ и еден од кандидатите за скопски градоначалник од редовите на оваа партија, во тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
Името на Мишко Ралев, се спомнуваше како најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори, но тој од денеска е дел од тимот на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.