СДС го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација. Denesen
Лажната загриженост на СДС на прес-конференциите е инструмент за дефокус и блед обид за напад на ВМРО-ДПМНЕ, додека во позадина стои заштита на Коцевски, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и го држат на функција. Denesen
Коцевски наместо да работи на владеење на правото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството кое што е помало од 2 проценти.
Граѓаните ја гледаат меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ, наместо празни флоскули и наративи на неиздржани прес-конференции и злоупотреба на трагедијата во Кочани, време е СДС да се залага за владеење на правото и правдата. Press24
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има. Kanal5
Љупчо Коцевски, сноси директна одговорност за непостапувањето по сериозни наводи за криминал поврзан со функционери од СДС и ДУИ.
Наместо да ја гарантира правдата и да ги штити интересите на граѓаните, Коцевски овозможува системска заштита на политички моќници. Press24
Кога граѓаните се прашуваат до каде е случајот, треба да знаат дека е на линија помеѓу главниот обвинител Коцевски и СДС.
Вторите лажно го напаѓаа првиот, за да создадат привид во јавноста, операција која не им успеа затоа што мораа да го бранат во Собрание, да не останат без него. Denesen
СДС со негласањето на интерпелацијата на отвoрена сцена пред очите на целокупната јавност го спаси Коцевски, бидејќи без него, функционерите на СДС и ДУИ се првите на удар на правдата.
Коцевски ја поткопува улогата на обвинителството и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем. Denesen
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година.
ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД денеска соопшти дека го почнува процесот на собирање 1.000 потписи за основање партија.
ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД го почнува процесот на собирање 1.000 потписи за основање партија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во локалниот развој.
Само околу еден од шест Германци велат дека би се бореле без двоумење во случај на воен конфликт, според нова анкета цитирана од ДПА.
Премиерот, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.