Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДС, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Ако главниот обвинител Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДСМ, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат за бројните криминали, на кои бевме сведоци изминатите 7 години.
Љупчо Коцевски е делегитимиран и нема интегритет да биде повеќе на позицијата обвинител бидејќи наместо да ја брани правдата и да го гони криминалот тој ги штити политичките интереси на СДС и ДУИ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.