Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање на нови работни места, 40 милиони евра за самовработување и 250 милиони за компаниите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ дека бројот на вработени од лани паднал за 17.000.„Очајниот и безидеен СДС бара сламка на која може да се фати само за медиумско внимание.
Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДС.
Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција.СДС никако да се помири со фактот дека веќе се опозиција и дека не можат да местат матни тендери во енергетиката, од кои длабоко профитираа, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
Коцевски е делегитимиран и нема интегритет да биде повеќе на позицијата обвинител бидејќи наместо да ја брани правдата и да го гони криминалот тој ги штити политичките интереси на СДС и ДУИ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.