Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше по националистичките и вулгарни испади на навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.
Ова не е прв испад на навивачите на Шкендија. Puls24
Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Sportm
И покрај сите апели и предупредувања за фер и спортско навивање без националистички испади, навивачите на Шкендија тоа не го испочитуваа на вечерашниот натпревар.
Скандирања за Илирида, Голема Албанија…,повеќепати вечерва одекнуваа на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот Шкендија – Карабах. Kurir
Навивачите на Шкендија дури не го почитуваа ни едноминутниот молк по повод трагедијата во Кочани, кога, за време на тишината, групата „Балисти“ од трибините свиреше и одеше на песни поврзани со УЧК.
Денешниот натпревар заврши со пораз за Шкендија од 1:0. Единствениот гол за Карабах беше постигнат од пенал во 18. минута, откако судијата, по проверка на ВАР, ја промени одлуката, наводно за фаул на Вебстер на линијата на шеснаесетникот. 365