Секој засегнат корисник може слободно да го преземе образецот, пополни и достави по електронски пат или редовно по пошта.-Врз основа на официјалниот одговор добиен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ИНРМ изработи урнек за поднесување на претставка до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, кој може да го користи секој граѓанин што смета дека му е повредено правото на визуелен пристап до сопствениот струјомер, велат од ИНРМ.Министерството, додаваат, потврди дека токму Државниот инспекторат за енергетика е надлежен за спроведување инспекциски надзор во случаите кога операторот на електродистрибутивниот систем (ЕВН Македонија АД) не овозможува пристап до мерниот уред, што претставува повреда на член 164 став (1) точка 19 од Законот за енергетика. frontline.mk