Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила во одбрана на својата држава.
Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила 12:18, август 10, 2025 На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.
Во спомен на загинатите припадници од резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители.
Со положување цвеќе пред споменикот подигнат во чест на загинатите бранители во Волково, Општина Ѓорче Петров денеска беа одбележани 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа на 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.