Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со Ема Нешковска- заменик претседателка на Форумот на жени и Жика Алексоски – претседател на ОО СДСМ Тетово денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак.
Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.Повеќе делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде посетена и месноста Карпалак каде на 8 август 2001 година во заседа загинаа 10-те прилепски бранители, кога беше нападнат армискиот конвој.
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска (8 август) положија венец со свежо цвеќе на спомен – плочата на македонските бранителите кои своите животи ги загубија кај месноста Карпалак во 2001 година.
Од: А1он Слава за хероите од Карпалак.