Додека власта предводена од Мицкоски пропагира празни флоскули дека го расчистиле криминалот на ДУИ, реалноста е дека токму директорите поставени од ДПМНЕ продолжуваат да делат тендери на фирмите поврзани со ДУИ. Локално
Додека се води судска постапка против фирмата на синот на пратеникот од ДУИ – Асмир Јахоски, директорот на ЕСМ Лазо Узунчев пред само две недели доделил тендер од 2 милиони евра на „Пуцко Петрол” за набавка на нафтени деривати за РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, соопштија денеска од Левица.