Добро е што секоја година се обидуваме да иновираме, добро е што другите политички партии од опозицијата можат да следат и да научат нешто ново, коешто, можеби во иднина ќе им биде корисно кога ќе презентираат дел од своите опозициски идеи, коишто, ние како Влада ќе можеме да ги анализираме, дел од нив и да ги искористиме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршната панел-дискусија на тема „Локалната и централната власт работат за тебе” во рамките на настанот Саем-Отчет.