Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во говорот на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги обвини западните земји за кршење на нормите на ОН и кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, дека Србија, и покрај глобалните предизвици, ги брани принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право и дека во овој момент „ нема правда за Србите на Косово“, јави дописниот на МИА од Белград.
Кога големите лидери овде зборуваат страсно и запаливо за потребата од украинска слобода, за почитување на ОН и нејзината повелба, резолуциите, се прашувам зошто не ја почитуваат Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 кога станува збор за територијалниот интегритет на Србија, праша Вучиќ. Netpress