Истакнувајќи дека амбасадата на Словенија во Северна Македонија е свесна за овој проблем, амбасадорот Прескер посочи дека тоа е и причината да се допринесе согласно можностите за справување со овој предизвик, во чија насока е и денешната конференција.
„Сакаме да ги поврземе сите заинтересирани чинители во создавањето можности, механизми и услови, кои се неопходни за враќање во вашата земја, дури и на оние млади луѓе кои успешно ги завршиле студиите во странство, во овој случај во Словенија. Netpress
Од година во година се намалува бројот на запишани студенти на домашните универзитети, но затоа се зголемува бројот на академски граѓани во Словенија. Telma
„Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот во Северна Македонија“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Република Словенија со Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Македонската студентска организација во Словенија (МСОС). Организаторите најавуват дека на отворањето на конференцијата ќе се обратат министерката за енеретика Сања Божиновса и словенечкиот амбасадор во државава Грегор Прескор, по што ќе биде презентира анкета спроведена од МОСС. Biznisvesti
Кристијан Поповски е студент на трета година на економскиот факултет во Словенија... вели дека во одлуката да замине од татковината преовладувал мотивот за успех во кариерата, можностите кои ги дава Словенија и бесплатното студирање.
Кристијан Поповски е претседател на Македонската студентска организација во Словенија, преку која младите кои заминуваат на туѓ терен, и одат во непознато, имаат можност да добијат поддршка при интеграција во новата средина. Kanal5
Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава. Nezavisen