Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите. Press24
Ваквите обвинувања уследија по приведувањето во мај 2023 на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, припадник на грчката заедница во Албанија, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите.
Белери, сепак победи на изборите за градоначалник, а во меѓу време беше избран и за европратеник од Грција на изборите во јуни годинава, по што беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент. Republika
Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.
Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди за МИА унгарското претседателство со Советот на ЕУ. - Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов. Kanal5
Постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио . Tоа, де факто, значи одвојување на Албанија и Македонија во процесот за пристапување во ЕУ. Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“. Libertas
Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврдија од унгарското претседателство со Советот на ЕУ. – Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.
Со ваквата одлука за одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на 15 октомври и старт на преговорите по Кластерот 1, Албанија практично ќе биде раздвоена од земјава на европскиот пат. A1on
Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“.
Новите македонски власти ја промовираа идејата за излез од ќор-сокакот во кој се најде земјава на европскиот пат со т.н. „француски предлог плус“, кој предвидува одложено дејство на уставните измени, односно нивно усвојување пред официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ по поглавја, но тие да стапат во сила на крајот од преговарачкиот процес. Libertas
Според дипломатски извори, претставниците на ЕУ предлогот за одложено дејство на уставните измени го оцениле како прагматичен.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во објава на Икс по средбата со Мицкоски минатиот четврток, наведе дека ја поздравува геостратешката ориентација и посветеност на земјава за членство во ЕУ и дека со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, таа има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на европското семејство. Libertas
Со разделувањето на Македонија и Албанија нашата земја останува во вакуум просторот меѓу земјите од Западен Балкан кои ги почнале преговорите (Црна Гора, Србија и Албанија) и оние што се далеку од таа фаза (Босна и Херцеговина и Косово). За потсетување, Турција ги започна преговорите за полноправно членство во ЕУ на 3 октомври 2005 година, по нејзиното барање на 14 април 1987 година да стане полноправна членка на Европската економска заедница (ЕЕЗ), претходникот на ЕУ. Но, од 2016 година, пристапните преговори се заглавени откако ЕУ ја обвини Турција за кршење на човековите права и дефицит во владеењето на правото.
На 20 февруари 2019 година, комисијата на Европскиот парламент гласаше за суспендирање на пристапните преговори, и оттогаш пристапните преговори на Турцијасе во застој и не може да се размислува за отворање или затворање на натамошни поглавја. Civilmedia
Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Македонија, а првите преговарачки кластери ќе бидат официјално отворени на 15 октомври, според едногласната одлука на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во средата (25 септември), изјави портпаролот за Еурактив.
Патот на двете земји од Западен Балкан кон членство во ЕУ беше споен со одобрувањето на преговорите започнати во летото 2022 година. Faktor
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, кој минатата недела го придружуваше премиерот Христијан Мицкоски при работната посета на Брисел, за МИА изјави дека на средбите со претставниците на ЕУ се дискутирало и „за дел од овие прашања и дека дијалогот продолжува“.
Според дипломатски извори, претставниците на ЕУ предлогот за одложено дејство на уставните измени го оцениле како прагматичен. Republika