Ваквите обвинувања уследија по приведувањето во мај 2023 на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, припадник на грчката заедница во Албанија, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите.
Белери, сепак победи на изборите за градоначалник, а во меѓу време беше избран и за европратеник од Грција на изборите во јуни годинава, по што беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент. Libertas
Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.
Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди за МИА унгарското претседателство со Советот на ЕУ. - Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов. Kanal5
Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите. A1on
Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“.
Новите македонски власти ја промовираа идејата за излез од ќор-сокакот во кој се најде земјава на европскиот пат со т.н. „француски предлог плус“, кој предвидува одложено дејство на уставните измени, односно нивно усвојување пред официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ по поглавја, но тие да стапат во сила на крајот од преговарачкиот процес. A1on
Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди унгарското претседателство со Советот на ЕУ. „Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ“, изјави портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.
Со ваквата одлука за одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на 15 октомври и старт на преговорите по Кластерот 1, Албанија практично ќе биде раздвоена од земјава на европскиот пат. Mk
Она што и се очекуваше денеска беше и потврдено во Брисел: Албанија практично ги почнува преговорите со ЕУ на 15 октомври.
Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ на денешната средба едногласно решија Албанија да ги започне преговорите со Унијата со отворањето на првиот кластер „Темелни вредности“, јави Бугарското национално радио. Republika
Кога станува збор за земјава, согласно Преговарачката рамка усвоена во јули 2022 година, во следната фаза од преговарачкиот процес, односно преговорите по кластерите, таа треба да премине по усвојувањето на уставните измени со кои во Уставот заедно со другите делови од народи, би биле споменати и припадниците на бугарскиот народ.
Во заклучоците од последните Совети на ЕУ во делот за земјава се посочува дека „Европската унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом таа согласност нејзините внатрешни процедури ја спроведе својата заложба да ги заврши уставни измени наведени во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година. Libertas
Според дипломатски извори, претставниците на ЕУ предлогот за одложено дејство на уставните измени го оцениле како прагматичен.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во објава на Икс по средбата со Мицкоски минатиот четврток, наведе дека ја поздравува геостратешката ориентација и посветеност на земјава за членство во ЕУ и дека со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, таа има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на европското семејство. Libertas
„Официјално се уште немаме најава“, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани за „ТВ21“ пршаан за тоа дали добиле официјално известување дека Албанија го продолжува патот кон ЕУ без Македонија.
Постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио (БНР). Tоа, де факто, значи одвојување на Албанија и Македонија во процесот за пристапување во ЕУ. Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“. Press24
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ова го одлучиле во средата (25 септември), изјави портпаролот за Еурактив.
Заедничкиот пат на Македонија и Албанија за членство во ЕУ беше започнат летото 2022 година. Netpress
ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скрининг процесот.
Но, Албанија беше блокирана за преминување кон следната фаза од преговарачкиот процес, односно старт на преговорите по поглавјата, од страна на Грција, која ја обвини Тирана за непочитување на принципите на владеење на правото. Libertas
Но, додека Албанија успеа да го надмине ветото од Грција, Северна Македонија останува блокирана поради неусвојувањето на уставните измени.
Бугарските медиуми известуваат дека на вчерашниот состанок во Брисел воопшто не била дискутирана темата за продолжување на преговорите со Северна Македонија, бидејќи земјата не го исполни договорениот услов за одржување на втората меѓувладина конференција, вметнување Бугарите во Уставот. Civilmedia
Белерис беше осуден на две години затвор, а на почетокот на септември беше ослободен откако одлежа две третини од казната.
Тоа беше доволна причина за Грција да се согласи со продолжување на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Како што други бугарски медиуми, на состанокот на дневен ред воопшто не била ставена темата за продолжување на преговорите со Северна Македонија. Libertas