Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот на Албанија Еди Рама и на целиот тим што неуморно работи на отварање на првото преговарачко поглавје. 360stepeni
Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ. Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Македонија на крајот на септември. Republika
Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава, порача денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери. Denesen
Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери. Faktor
Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската Унија во 2030 година.
Мора исто така да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија. Plusinfo
Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.
Албанија конечно седи како рамноправен партнер на масата на земјите членки на Европската Унија, нагласи Рама. Libertas
Досега напредокот на Албанија на патот кон ЕУ беше поврзан со напредокот на Северна Македонија.
Одлуката Албанија да почне преговори за членство во ЕУ по кластериминатиот месец ја донесе Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), со што земјата се одвои во патот кон ЕУ од С Македонија. 360stepeni
Албанија е првата земја кандидат што ги отвора преговорите по изменетата методологија на проширување на ЕУ. Кластерот 1 опфаќа основни реформи, вклучувајќи правосудството, основните права, јавните набавки и финансискиот надзор.
Напредокот во овие области ќе влијае на темпото на преговорите. Telma
Разговорите за овие прашања ќе продолжат до самиот крај на пристапните преговори, а напредокот во спроведувањето на барањата на Брисел ќе го одреди целокупното темпо на процесот.
Преговорите беа одобрени од амбасадорите на ЕУ на крајот на септември. Kajgana
Албанскиот премиер Еди Рама денеска на меѓувладина конференција Албанија-ЕУ во Луксембург ја спомна и Македонија и нејзиниот спор со Бугарија и со Грција. Plusinfo