„Премиерот Милош Вучевиќ и претседателот Александар Вучиќ утрово разговараа за трагедијата во Кочани во Северна Македонија, каде во пожар во дискотека настрадаа голем број граѓани, по што е одлучено 18 март да биде Ден на жалост во Србија“, се наведува во соопштението на Владата на Србија, пренесува . На седницата на македонската Влада, била донесена и одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти – кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор, на територијата на државата и за наодите од надзорот да ја известат Владата, за, како што велат, да се утврди фактичката состојба дали работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата. Radiomof