Поддржете го Васил Стерјовски, за да продолжи да биде силен македонски глас во Собранието Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги повика Македонците по потекло од Албанија, а живеат и работат во странство да гласаат за Васил Стерјовски за тој да продолжи да биде силен македонски глас во албанското Собрание.
Драги наши Македонци, чии корени влечат од Преспа, Врбник, Корча, Подградец, Билишта и сите други населени места од Округот на Корча, кои денес живеете и работите надвор од Албанија.
Но сега стана јасно дека Стерјовски поседува српско државјанство, лична карта и пасош на Република Србија.
Како е можно лидер кој тврди дека се бори за македонската кауза да има документи од земја која историски го користела македонизмот како алатка против Бугарија? Kanal5
Албанската изборна комисија објави упатство за начинот на гласање на македонски јазик. Faktor
Потребно е поголемо внимание од страна на Владата за унапредување на правата на Македонците на целата територија на Албанија, вели Стерјовски за МЦН.
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, за албанската МЦН телевизија, зборуваше за тоа колку моментно се почитуваат правата на македонското малцинство во однос на образованието, јазикот или другите елементи што му припаѓаат на малцинството. Kanal5
Стерјовски претходно доби јавни закани од Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“ од Бугарија, кој е прогласен за persona non grata во Албанија по барање на Македонска алијанса за европска интеграција, поради мешањето во процесот на пописот.
Исто така, фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија ја тужи МАЕИ и Стерјовски во судот во Корча, барајќи отштета од 10.000 евра и јавно извинување, поради тоа што партијата побара од албанските власти забрана на нејзините активности во Албанија, обвинувајќи ја дека се мешала во пописот и корумпирала албански политичари со цел асимилација на Македонците во земјата. Press24
Никогаш не сум имал средби со српски дипломати или политичари.
Единствените контакти ми биле со претставници на српското малцинство во Албанија, во рамки на напорите за остварување на правата на нашите малцинства. Kanal5
Не се чудам, вакви и слични напади ќе има уште, рече Стерјовски.
Според него, никој во Албанија не верува на вакви измислици, бидејќи се работи за чиста невистина, како и многупати досега. Kanal5
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Единствените контакти ми биле со претставници на српското малцинство во Албанија, во рамки на напорите за остварување на правата на нашите малцинства.
Во животот, имам 43 години, само двапати сум бил во Србија, првпат при формирањето на Македонскиот национален совет, а вториот, минатата година, кога ја посетив македонската заедница во Панчево, нагласува Стерјовски за МИА. Press24
Гласот на Македонците.
Гласот на вистината. Kanal5