И уште повеќе – некои од нашите европски партнери, вклучително и европскиот комесар Кос, зборуваат како Бугарија да го запрела овој процес затоа што има некаков билатерален проблем, затоа што двете земји не се разбираат, затоа што не можат да се договорат за нешто, коментираше потпретседателката Илијана Јотова во емисијата „Брисел 1“ на „ “. Таа речиси половина од интервјуто го посвети на односите меѓу Скопје и Софија, обвинувајќи ги европските лидери за создавање на погрешен наратив дека спорот е само билатерален проблем меѓу Македонија и Бугарија. Plusinfo