Итни измени во Изборниот законик што во моментот не ги вклучува можностите за независните кандидати и кандидатски листи на претстојните локални избори побараа денеска претставници на „Независни граѓански иницијативи“: „Зелен хуман град“,Град Скопје, „Шанса за центар“, „Независни за Карпош“, „Поинаку“, Битола, „Зелените“ од Гази Баба, „Подобро за Тетово“ и „Стига“ од Струмица, Босилово и Ново Село. Kanal5
Бараме да се донесе ново законско решение.
Од Министерство за правда и до Собранието бараме да не вклучат во работната група за носење на законот, бидејќи имаме искуство и знаења и сме заинтересирани. Kanal5
Сведоци сме дека политичките партии секојдневно го губат бројот на гласачи на сите избори, едвај стигнуваат до 50 % од гласачите, што е показател дека го губат кредибилитетот.
Тоа треба да им биде сигнал за измени, но не за оневозможување на другите, туку за промени и внатрешни реформи. Kanal5