Бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и службеници на Град Скопје предизвика низа реакции во јавноста, меѓу кои и остар протест од Активот на жени на Левица (АФЖ). Според нив, молкот и непостапувањето на институциите, особено на Министерството за внатрешни работи, не само што создаваат чувство на неказнивост, туку и охрабруваат насилство врз жени на јавни функции.
АФЖ Левица најостро го осудува бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и врз службите на Градот кои на лице место беа изложени на вербални навреди и физичко насилство со клоци и тупаници.