Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, бара итно да се осудат насилниците кои ја нападнале градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додека вршела увид на дивоградба во Чаир и бара да се поведе постапка против службениците на МВР кои, како што вели, не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот.
Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството.
Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче, ја обвини Владата дека таа ги злоупотребила македонскиот јазик и идентитет за свои политички цели.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање упати остра критика до актуелната Влада поради неспособноста за справување со пожарите, посочувајќи дека институциите ниту превентивно дејствуваат, ниту соодветно реагираат.