Целата активност е од витално значење за задоволување на растечките потреби за снабдување со топлина на објектите, како и за намалување на загадувањето на воздухот, сподели денеска градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
„Благодарение на добрата соработка со директорот Г-дин Петар Милетиќ го започнуваме со реализација на проектот за Изградба на линeјска инфраструктурна градба на нов секундарен вод 52.070.140.110 од постоечка шахта Ш290 до новопланирана шахта Ш020 во населба АЛЕКСАНДРИЈА на улица Новопланирана 2, 4, 5, Општина Ѓорче Петров – Скопје, истакна Стојкоски во својата фејсбук објава. Skopjeinfo