Некои од нив, особено оние со деца, плашејќи се, веќе ги оставиле куќите.Луѓето се организираат заедно со пожарникарите, копаат ровови за да ги одбранат од огнот куќите и црквите.
На вонредна седница на Општината Чучер Сандево советниците побараа Владата да прогласи вонредна состојба во општината, но бараат меѓународна помош.Граѓаните се жалат дека опасноста е голема и дека нема соодветна реакција надлежните. Alsat
Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината. Zoom
Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ прогласи вонредна состојба поради пожарот кој е надвор од контрола на територија на општината.-На денешната седница на општина Чучер Сандево донесовме одлука за прогласување на вонредна состојба во општината поради активните пожари кои ги имаме на подрачјето на општина Чучер Сандево веќе втор ден. Mms